Blepharoplasty третман (затегнување на очен капак)

about

Со Purebeau фибробласт метода се произведува плазма блиц во близина на кожата кој што испарува во мала микромолекуларна точка. Точките се поставуваат зависно од регијата која ја третираме, а третираниот дел на кожата видливо се затегнува.Третманот почнува со апликација на анестезија (крема) и дезинфекција на третираната област. Потоа ја третираме областа со фибробласт методата, формираните точки се дизенфицираат со Октинисепт и се заштитуваат со фибробласт крема. Овие мали фибробласт точки паѓаат за 5-7 дена и може да се покриваат со шминка. По нивното отпаѓање има благо црвенило кое е видливо од 2-8 недели зависно од типот на кожата. Крварење не се очекува во овој процес ,може да има благ оток од 1-3 дена.
Резултатите се видливи веднаш, а процедурата по третманот е најважниот дел и мора да се почитува.Спорт, пливање и сауна се дозволени после седум дена, а третираното место се негува со крема со заштитен фактор 30 или 50 најмалку три месеци. Затоа третманот не се препорачува во лето. Третманот може да се повториво зависност од состојбата на кожата и интензитетот на третмант од 1-4 пати.Интервалот е минимум 6 недели или подобро 8 недели.
Со оваа метода се третираат, сите бори на лицето и вратот, масни наслаги под кожен капак (Xentalasms), лузни, лузни од акни, вирусни брадавички, старечки дамки.

  • space image
  • space image
  • space image
  • space image
  • space image
  • space image
  • space image
  • space image